-->
-->
Општина Крива Паланка усвои програма за образование за 2016
-->

Советот на општина Крива Паланка на последната седница усвои Програма со активности на општината од областа на образование за 2016 година.
Основни цели на програмата се обезбедување активен однос на Советот на општината кон задоволување на потребите и интересите на граѓаните од областа на образованието, изнаоѓање форми за ефикасно и економично одвивање на образовниот процес, планирање на развојот на образованието, подобрување на условите за образовниот процес и создавање услови за развој на високото образование.
Активностите на општина Крива Паланка во областа на образованието следната година ќе бидат насочени кон поттикнување, поддржување и помагање на подигнувањето на образовното ниво на младите и возрасните кои се надвор од образовниот систем и зајакнување на нивните стручни и социјални компетенции, зголемување на можностите за отворање дисперзирани студии за високо образование, обезбедување стручна, техничка и друг вид поддршка со кадри и опрема со кои општината располага, создавање услови за воведување нови образовни профили во образовниот процес, истражувања поврзани со пороците на денешнината и слично.
Утврдените активности со програмата ќе се финансираат со средства од Министерството за образование и наука, од донации и од буџетот на општина Крива Паланка за 2016 година. При реализирање на програмата Советот на општина Крива Паланка ќе ги поддржи институциите и здруженијата на граѓани кои ќе реализираат проекти од областа на образованието финансирани од други инвеститори, заинтересирани партнери , фондации, бзинис сектор и друго.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Месечно на мобилен 105 повика и 3,8 часа разговор
-

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален слаб дожд
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
