Општина Куманово почна со отстранување објекти кои немаат дозвола или документација за изградба
Екипи на приватна компанија, ангажирана од општина Куманово, денеска почнаа со отстранување на објект во центарот на Куманово лоциран на малиот градски плоштад.
Надлежните од секторот за инспекциски надзор, информира дека остранувањето следува по донесување на решение за отстранување на овој објект.
– Претходно, на терен увид извршија секторот за инспекциски надзор, Основното јавно обвинителство и СВР Куманово и констатираа дека за овој објект нема дозвола ниту потребни документи за негово поставување. Сопственикот имаше законски рок самиот да го отстрани објектот, а бидејќи не е постапено во предвидениот рок, денеска, отпочнавме со административна реализација на претходно донесеното решение за отстранување, информираа одговорните од секторот за инспекциски надзор.
Објектот е поставен пред петнаесетина години. Оттаму посочија дека изминатиот период, сопственици на два одделни угостителски објекти (кафе бар и слаткарница) самите ги отстраниле летните бавчи откако општина Куманово преку секторот за инспекциски надзор донела решенија за нивно отстранување.
Изминатата недела општината исто така ангажирајќи приватна фирма го отстранила дивоизградениот потпорен ѕид во близина на автопатот во населбата „Тоде Мендол“.
Од секторот најавија дека и во наредниот период ќе има отстранувања на објекти кои немаат документи или дозволи и нагласија дека во општинскиот буџет има предвидено средства за отстранување на дивоизградени објекти.
Ново на Сител
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот