Општина Виница во проект на Светска банка
Претставници од општина Виница предводени од градоначалникот Емил Дончев учествуваа на регионалната конференција „Градови со интегритет“, што се одржа на 30 и 31 минатиот месец во Белград, во организација на Светска банка и австриската Влада. Конференцијата е во рамки на втората фаза од Програмата за урбано партнерство.
- Учесниците на конференцијата имаа можност да споделат добри и позитивни искуства и да дискутираат за прогресот и предизвиците со кои тие се соочуваат во сузбивање на корупцијата. Учесниците дискутираа за различни модели на антикорупциски механизми кои веќе се имплементирани на локално ниво, вклучувајќи ги општинските е-портали, буџетскиот календар, користење на социјалните мрежи, едукација на претставниците на локалните заедници, учеството на граѓаните во донесувањето на стратешките одлуки, изјави градоначалникот Дончев.
Општина Виница, како што истакна, во овој проект е вклучена од 2013 година година, а сега се работи на спроведување на препораките од Акцискиот план. Фокусот е ставен на три стратешки области: управувањето со човечките ресурси; транспарентноста на општината и вклученоста на граѓаните, како и зајакнување на контролата врз реализацијата на инфраструктурните проекти.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Изложени сме на навреди и најдиректни закани
-
Таравари именуваше нови четворица директори на здравствени установи
-
Гир: Преминот „Маркова нога“ е инвестиција која ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион
-
Почна повлекувањето на законите за администрација од собраниска процедура, ќе се доработуваат низ широка јавна дебата
-
Николоски: Нема да дозволам да се случи повторно “Кичево – Охрид” со ниту еден друг проект
-
Автомобил целосно смачкан излетан од патот, тешка сообраќајка на излезот од Скопје | ВИДЕО
-
Ново директорско место за партијата на Стоилковиќ
-
Околу 6.400 Палестинци се водат како исчезнати од избувнувањето на војната во Газа