Орбан: Пред нас е глобална трансформација, 2026 година започна со опасни тензии

„Глобална трансформација е пред нас“, напиша денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на својот фејсбук-профил, коментирајќи ја актуелната геополитичка ситуација.
„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран – така започна 2026 година“, наведе Орбан во својата објава.
Тој додаде дека најважна тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“.
„Ова е нашиот пат. Пат на мирот, со дела, а не со зборови“, истакна унгарскиот премиер.
Орбан оцени дека оваа насока е спротивна на „патот на Брисел“. „
„Спротивно на тоа, постои патот од Брисел. Со воен план, милијарди пари од ЕУ дадени на Украина и систематски украдени таму, пакт за миграција. И секако, со новата унгарска сателитска партија, која ќе гласа за сè што сака господинот Вебер. Ова е патот на војната и губитниците“, оцени унгарскиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Драстичен пад на странските инвестиции - дебакл на Мицкоски
-

Пуштена во сообраќај обиколницата околу Крива Паланка
-

Редовната проверка на пулсот може да спречи мозочен удар
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
