Орбан: Унгарија игра клучна улога во постигнувањето мир

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека подготовките за мировниот самит на Русија и САД во Будимпешта се во полн ек и дека земјата може да игра клучна улога во постигнувањето мир.
„Не сакам да зборувам за деталите, бидејќи преговорите се во тек. Унгарија има вредност и придонес кон целта за мир“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија „ги држи дипломатските канали отворени за Русија“, изјави Орбан за Радио Кошут.
Тој истакна дека Унгарија е единствената европска земја која е во постојан контакт и преговори со Русија и дека тој лично може, „а понекогаш и би сакал“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин доколку е потребно.
Орбан нагласи дека способноста на Унгарија во овој процес може да придонесе за завршување на конфликтот и ја нагласи важноста на земјата како посредник во мировните напори.
МИА
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
