Организации за човековите права разочарани од договорот ЕУ-Турција за бегалците

Неколку организации за заштита на човековите права вечерва изразија разочараност од Договорот за надминување на мигрантската криза, што денеска во Брисел го постигнаа ЕУ и Турција, јави ТАСС.
„Амнести интренешанл“ во својата реакција на договорот оцени дека „денеска е црн ден за човештвото“.
- Тоа е вистинско безумие. Бегалците ќе бидат префрлани од раце в раце на истите оние криумчари, кои ги пренесоа во Европа, изјави директорката на АИ, Кејт Алан, додавајќи дека договорот во никој случај не смее да се нарече „решение за мигрантската криза“.
Организацијата „Спасете ги децата“ изрази длабока разочараност од договорот, оценувајќи дека трба да се штитат луѓето, а не границите.
- За многумина бегалци, заглавени во калта, студот и влагата, кои внимателно очекуваа вести од Брисел, овој договор носи уште поголема несигурност, посочи организацијата во своето соопштение.
Невладината организаицја „Оксфам“ смета дека со постигнатиот договор не се почитуваат меѓународните и европските закони и дека лидерите на ЕУ се пазареле со животите на човечки суштетства за поситгнување почитички отстапки.
Британскиот „Црвенм крст“ го оцени договорот како „превентива од мигрантите“, а не како документ со кој се штитат човековите права, додка Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) изрази загрженост дека враќањето на бегаците и пред се на нивните деца во „несигурната иднина во Турција, кај нив може да предизвика голем стрес“.
Високиот комесаријат на ОН за беглаци (УНЦХР) пак смета дека на мигрантите кои сега се наоѓаат во Грција, треба да им се овозможи право да ја обжалат одлуката на ЕУ за нивна реадмисија во Турција.
Ново на Сител
-

Македонија - нова туристичка ѕвезда во 2026 година | ВИДЕО
-

Повремен дожд и разведрување попладне
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
