Оружен напад во близина на претседателската резиденција во Мексико

Четири лица загинаа, а две се повредени во оружен напад во близина на претседателската резиденција во историскиот центар на Мексико Сити, соопштија официјални претставници.
Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор не се наоѓал во близина, бидејќи вчера замина во посета на југоисточниот дел на земјата.
Полицијата на главниот град соопшти дека според првичните извештаи, вооружен маж влегол во една зграда во близина на националната палата, која секојдневно ја користат владини претставници и новинари.
Откако две лица во зградата го пресретнале, мажот извадил пиштол и почнал да пука, а кога стигнала полицијата забележала четворица луѓе со прострелни рани како лежат во дворот на зградата и потоа отвориле оган кон напаѓачот.
Заедно со напаѓачот уште две лица се убиени, а еден од тројцата повредени починал на пат кон болница.
Повеќе од 100 полицајци пристигнале на местото на инцидентот и ги блокирале улиците околу резиденцијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
