Оштетените штедачи од Еуростандард очекуваат исправна одлука на Уставниот суд
Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка очекуваат носење исправна одлука од Уставниот суд во среда кога треба да одлучува и заседава по поднесената иницијатива за Законот за банки.
-Во среда, на 7 април, Уставниот суд повторно ќе заседава и одлучува за поднесената иницијатива за разгледување на уставноста и законитоста на Член 163 став 3 од Законот за банки, истиот тој закон којшто верувале или не, е направен за да ги доограби и со тоа продолжи криминалот врз депонентите, физички и правни лица.Токму оваа наредна седмица ќе биде онаа историска, којашто со помош на уставните судии преку донесување правилна одлука, ќе ја врати довербата во правната држава во овие тешки времиња за сите нас.
Покрај светската пандемија и тешката економска криза, банкарскиот систем во државава со своите закони и процедури им пресуди на над 3.000 семејства, граѓани и фирми, кои беа депоненти на сега веќе Еуростандард банка во стечај. Прво, не ги заштити од криминалците кои ја водеа банката преку спроведување ефективни ревизии и контроли врз банката, па се до контроверзниот Член 163 став 3 од Законот за банки, којшто во стечајната постапка ги доограбува веќе ограбените физички и правни лица,наведуваат во соопштение од Здружението на оштетени штедачи.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
-

Мицкоски: Очекувам намалување на цената на горивата и стабилизирање на инфлацијата
-

Предложен притвор за српски државјанин фатен на Богородица со 5.000 штеки цигари без акцизни маркички
-

Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска
