Оштетено возило на судијка од Основниот суд во Охрид

Непознати сторители ноќеска оштетиле приватно возило, сопственост на судијка во Основиот суд во Охрид.
Немилиот настан утрово е пријавен во охридската полиција, која работи на расветлување на случајот.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски го потврди случајот, што се случил на улицата „АСНОМ“ во Охрид, во близина на домот на судијката.
- Случајот е евидентиран и се работи на откривање на сторителите и расчистување на немилиот настан, изјави Димоски.
Според информациите, искршени се двете ветробрански стакла и двете стакла на совозачката страна на возилото, а на него не била оставена никаква порака.
Истрагата треба да утврди дали се работи за обично разбојништво или можеби случајот има поврзаност со работата на судијката, која работи како кривичар во охридскиот суд, а има водено многу предмети.
Ново на Сител
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
