Македонија
23. May 2024 - 12:30

Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија

Црвениот крст втора година по ред ги додели наградите Оскар на хуманоста на компании, институции и партнери со кои соработуваат и кои помагаат во справување со проблемите на ранливите категории граѓани.

Во рамките на манифестацијата за посебни заслуги во соработката и медиумското покривање и третирање на теми од негова надлежност, Црвениот крст Оскар на хуманоста и додели и на Сител Телевизија.