Ослободени киднапираните морнари од Грција во Камерун
По 22 дена, ослободени се петтемина грчки државјани, членови на екипажот на танкерот „Happy Lady“ кои беа киднапирани во Камерун, јави дописничката на МИА од Атина.
Веста за ослободувањето ја соопшти на „Фејсбук“ министерот за поморство Јанис Плакиотакис.
-Го изразувам моето задоволство за ослободувањето на петтемина грчки морнари. Координираните напори донесоа резултат, напиша министерот на Фејсбук и им посака среќен пат на враќање кон Грција.
На 31 декември 2019 врз грчкиот танкерот „Happy Lady“ , закотвен на пристаништето во Камерун, беше извршен вооружен напад, беа киднапирани осум членови на екипажот, а еден беше повреден.
Како што тогаш соопштија од Министерството за поморство на Грција, во инцидентот биле киднапирани петмина Грци, двајца Филипинци и еден Украинец.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор