Македонија
6. јуни 2017 - 9:42

Осма ротација на словачки полицајци на македонско-грчката граница

Утре во Македонија ќе пристигнат 15 словачки полицајци кои ќе ги заменат своите колеги на македонско -грчката граница кај Гевгелија. Ова е осма ротација на припадници на полицијата на Република Словачка.  

- Единица од 15 словачки полицајци ќе спроведува заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде распоредена во областа на Гевгелија, стои во соопштението од Амбасадата на Република Словачка.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Република Словачка од март 2016-та година испрати во земјата вкупно 190 полициски службеници.