Османи: Да покажеме единство во осудата на агресијата, и поддршка на Украина
Одржувањето на НАТО-министерски состанок во Букурешт, за нас има и друга симболика – во 2018 тука чекавме да станеме членка на НАТО, а денеска доаѓаме како членка, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи пред почетокот на состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, кој се одржува денеска и утре во Букурешт.
– Симболиката дека се одржува НАТО- министерски состанок во Букурешт значи дека НАТО испраќа силна порака дека регионот на Црното море е од стратешки интерес на Алијансата. Пораката е да покажеме единство, кохезија во делот на осудување на агресијата, во практичната поддршка на Украина, но се разбира и во засилување на капацитетите во одбрана на источното крило на НАТО каде што припаѓаме и ние, рече Османи.
Министерот потенцира дека ние не само што покажавме дека сме партнери во кои може да се има доверба, туку покажавме и апсолутна недвосмисленост во однос на осудата на агресијата и поддршката за Украина.
На новинарско прашање зошто Косово не учествува на овој НАТО-министерски состанок, Османи рече дека на оваа средба се повикани земјите кои во моментов се најранливи на руското влијание. Посочи дека Северна Македонија го поддржува зачленувањето на Косово во НАТО.
– Овој пат тие земји се Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина. Но, се разбира, ја поддржуваме кандидатурата на Косово за членство во НАТО. На оваа средба се повикани земјите кои во моментов се најранливи на руско влијание, рече Османи.
Ново на Сител
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог