Османи - Дачиќ: Да се интензивира дијалогот и соработката во регионот

ОБСЕ останува посветена на поддршката на реформските процеси во Србија и во регионот, порача претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи по средбата со првиот вицепремиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ во Белград, соопшти МНР.
- Помирувањето, градењето доверба и борбата против корупцијата. Овие важни теми, заедно со решавањето на безбедносните предизвици од климатските промени низ регионален пристап, се трите главни приоритети за Западен Балкан на нашето Претседателство со ОБСЕ. Тие се точки на поврзување, заеднички потфати, кои можат и треба да нè обединат сите, рече Османи на средбата со Дачиќ.
Изразувајќи искрено сочувство за загубата на невините животи по немилите настани што ја погодија земјата, Османи во својство на претседавач со најголемата регионална безбедносна организација, се фокусираше на актуелните предизвици и можности.
- ОБСЕ денеска се движи низ бурни води. Руската воена агресија против Украина ги урна основните принципи на ОБСЕ. Како Претседателство, работиме на обезбедување на поддршка за функционална и флексибилна Организација, нудејќи разновидни алатки со цел да помогнеме во обновувањето на мирот и безбедноста. Наша цел е да го вратиме дијалогот и да ја промовираме соработката, истакна Османи.

Тој потенцираше дека состојбата во моментов бара колективно, одговорно одлучување, повеќе од било кога, како и задолжително зголемување на напорите за ефективен мултилатерализам, со цел воспоставување на мир и соработка. Тој изрази почит кон Мисијата на ОБСЕ во Србија, која обезбедува поддршка на државата во градење силни, независни, одговорни и ефикасни демократски институции.
- Показателите за нашата успешна соработка, меѓу другото, зборуваат за зајакнување на доброто владеење, борбата против корупцијата и поволни услови за работа на медиумите. Ги поддржуваме напорите за поттикнување на помирување во Регионот, иницијативите на граѓанското општество, поврзувањето на младите и зацврстување на улогата на жените. Недискриминацијата, меѓусебното разбирање и партиципативната демократија ќе придонесат за поголема регионалната стабилност и безбедност, нагласи Османи.
истакна дека дијалогот и конструктивна соработка треба да бидат императив, изразувајќи силна поддршка од ОБСЕ за дијалогот Белград-Приштина, посредуван од ЕУ. Во тој контекст упати на важноста на состанокот што се одржа во Охрид со што дополнително се отвори патот за нормализирање на односите.
Претседавачот со ОБСЕ Османи најави дека посетата на Србија ќе ја продолжи во духот на мотото на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ „За луѓето се работи“ и ќе оствари средби со претставници на граѓанскиот сектор, како и посета на теренската канцеларија на ОБСЕ во Бујановац, каде што ќе се сретне со млади луѓе од различни заедници со цел да ја нагласи клучната улога на младите во трансформацијата на општеството и градењето стабилна, инклузивна и просперитетна иднина за регионот.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
