Османи – Дендијас: И покрај изминувањето на редовниот рок, потрагата по исчезнатото момче продолжува и утре

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со својот грчки колега, Никос Дендијас, на кој беше разговарано за состојбата со потрагата по исчезнатото момче од земјава.
За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот.
За време на разговорот, Османи упати благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата.
Разговорот уследи по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата иако денеска изминува рокот до кога се организираат ваквиот тип потраги
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
