Османи: ДУИ уценуваше, но никогаш за себе, туку за граѓаните

Улогата на ДУИ беше клучна на патот кон Европската унија, ДУИ е заштитник на трите клучни договори, Рамковниот договор, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, порача партискиот портпарол, Бујар Османи на прес – конференција.
Тој се осврна и на анализите дека ДУИ како коалиционен партнер во Владите ги уценува политичките партии и порача дека тие уценувале, но не за себе, туку за интересот на граѓаните, за да се задржи евроатлантскиот пат на земјава.
-ДУИ беше кормиларот, и тогаш кога имаше дилеми ДУИ го држеше кормилото да се запази евроатланскиот курс. Во последно време се зборува за некакво уценување кое го прави ДУИ кон македонските политички партии па дури сега и двете политичлки партии ги повикуваат граѓшаните да освојат 61 пратеник за да не ги уценува ДУИ. Ако уценување е потребата од решавање на името и потребата од отворање на патот кон НАТО, ако уценување е потребата за потпишување на договор со Бугарија, ако уценување е поднесувањето на Законот за јазици за да се релаксираат меѓуетничките односи, да, ДУИ уценуваше, но никогаш за себе, никогаш за партијата секогаш за интересите на граѓаните, секогаш за потребата државата да оди напред. Сме условувле формирање на влади со тие прашања, но денеска токму тие прашања не донесоа во НАТО, рече Османи.
Предизборната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА ја нарече непринципиелна и сите политички калкулации кои се прават пред изборите се, како што рече, со цел опстојување на партиите на политичката сцена. Порача дека тие сега се насочени кон гласовите на граѓаните, а за коалиции ќе размислуваат по изборите.
Ново на Сител
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
-

ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање - миење заби, раце и храна со флаширана
