Османи-Џачка: Преку регионална соработка до зацврстување на патот кон ЕУ

Во рамки на официјалната посета на Албанија, шефот на дипломатијата Бујар Османи оствари средба со албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, на која стана збор за бројни теми од взаемен интерес за развој на билатералните односи, за внатрешно-политичките случувања во двете земји, соработката во НАТО, европската перспектива, регионалните иницијативи, како и за можноста за унапредување на соработка и во рамките на останатите секторски политики.
–Неспорно е дека односите меѓу нашите две земји одамна го надминуваат прагот на добрососедство и тие се втемелени на основите на стабилно и долгорочно пријателство. Сметам дека ова наше пријателство ги надминува интересите само на нашите две земји и претставува еден од најзначајните столбови за стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион, изјави Османи.
Како што соопшти МНР, заокружувањето на евро-атлантската агенда, со акцент врз формалниот почеток на преговорите за членство во Европската Унија беше една од важните теми на дискусија на состанокот.

Шефовите на дипломатиите се согласија дека истрајноста на двете држави на овој курс и актуелните реформи поврзани со тоа, претставуваат дополнителна гаранција не само за просперитет и подобрениот стандард на граѓаните, туку и за севкупниот развој и односите во рамките на самиот регион, стои во соопштението.
Соговорниците ја подвлекоа потребата од реализација на проекти за инфраструктурно и енергетско поврзување, но и интензивирање на соработката во други области, како трговијата, туризмот, културата, образованието. Посебен фокус беше ставен и на Иницијативата 8, како вреден форум за унапредување на трилатералната соработка.
-Имаме добра шанса да обезбедиме комплементарност и реализација на сите иницијативи, вклучително и на Иницијатива 8, имајќи предвид дека со тоа ја зацврстуваме патеката што води кон Брисел, нагласи Османи.
Во продолжение на посетата на Тирана, министерот Османи ќе се сретне и со претседателот Илир Мета, државниот министер за дијаспора Пандели Мајко, како и со лидерот на Демократската партија на Албанија Љуљзим Баша.
Ново на Сител
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
-

Од Маџари до центарот на Скопје за пет минути: тест-турата ја покажа предноста на градскиот воз
-

ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб
-

Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран
