Османи и Генчовска утре во Софија во 10 часот ќе го потпишат протоколот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува за Софија каде ќе го потпише билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија, информираше на денешниот брифинг министерот.
Ова следува по денешното усвојување на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание по што Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на француското Претседателство.
Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието.
Првата меѓувладина конференција, како што денеска најави премиерот Димитар Ковачевски, ќе се одржи во вторник во Брисел.
Ново на Сител
-

И во Македонија денеска се гласаше за изборите во Србија и Бугарија
-

Цените на горивата со нов рекорд - по какви цени ќе се точи од утре?
-

СДСМ: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница
-

Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
