Османи ја водеше третата сесија на Министерскиот состанок на ОБСЕ
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во капацитет на иден претседавач со ОБСЕ, денеска ја водеше третата пленарна сесија на 29-тиот состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, што од вчера се одржува во Лоѓ, Полска, соопшти МНР.
Османи изрази задоволство од продуктивниот тек на разговорите за време на годинашниот Министерски совет и потенцираше дека Северна Македонија е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста, имајќи ја привилегијата да биде претседавач со оваа Организација.
– На овој пат и нашите успеси и неуспеси ќе бидат ваши. Денешните тешки времиња бараат решителност и посветеност. Затоа, би сакал да ја искористам оваа прилика, да го повикам секој од вас да преземе и критична одговорност, рече Османи.
![]()
Шефот на дипломатијата, како што наведува МНР, ги покани министрите за надворешни работи на земјите учеснички на ОБСЕ на идниот Министерски совет кој ќе се одржи во Скопје.
-Потенцираше дека предизвиците на ОБСЕ регионот и иднината на Организацијата се значаен повод да се седне околу оваа маса и да се засилат заедничките напори во име на принципите од Хелсинки до кои сите се придржуваат земјите учеснички на ОБСЕ, информира Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-

Почнува европската воена мисија на Гренланд
-

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судски совет бидејќи има нов Закон
-

Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот и нови инвестиции
-

Бебе починало во болницата во Кавадарци
-

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки
-

Лишено од слобода лице од валандовско, управувал возило под дејство на алкохол
-

Прва медицинска евакуација од Вселената
-

Ненадејни поплави ја погодија австралиската држава Викторија
