Османи: Лажна вест е дека ДУИ инсистирало за смена на тимот на СЈО
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска на новинарско прашање дали е точно дека ДУИ во текот на преговорите инсистирале да се смени целиот тим од СЈО, на чело со Катица Јанева, истакна дека тоа е лажна вест и оти никогаш ДУИ го немала отворено тоа прашање ниту, пак, употребата на бомбите во постапките.
– Апсолутно тоа не било барање на ДУИ ниту би го оспориле доколку би се вратило како решение. Тоа што ние разговаме во поглед на законот за обивнителство, како ќе се регулира прашањето на правичната застапеност, рече Османи на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по промоцијата на Националниот координативен центар за сузбивање организиран и сериозен криминал.
Османи истакна дека ДУИ ќе продолжат со поддршка да се обезбеди мнозинство и да се усвои новиот закон за јавно обвинителство, во кое е инкорпорирано СЈО, бидејќи, подвлече, ќе биде важна одредница за проценка на успешноста на реформската агенда.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец