Османи на ОБСЕ министерски состанок за Украина: Мултилатерализмот мора да надвладее над милитаризмот
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска преку телеконференциска врска учествуваше на вонредниот состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ на кој се се расправаше за воената офанзива на Руската Федерација во Украина.
Како што соопшти МНР, Османи во обраќањето на сопстанокот изрази најостра осуда за агресијата врз Украина, посочувајќи дека претставува еклатантно прекршување на нормите на меѓународното право и на заложбите и принципите врз кои почива ОБСЕ. Посочи дека со ваквиот акт на агресија, Руската Федерација сериозно ги поткопува и загрозува заедничките напори за мирољубиво решение на кризата, што претставува сериозна закана по мирот и стабилноста на целиот регион на ОБСЕ.
– Нашите надежи до вчера беа насочени кон мирољубиво решение на кризата. Денеска тие шанси се поткопани и доведени во прашање. Состојбата ескалира од час во час и веќе сме сведоци на човечки жртви и материјално уништување. Покрај бројните повици за де-ескалација, дипломатско решение на кризата, и пред се, неопоходноста да надвладее разумот, народот на Украина се соочува со разурнувачката моќ на војната. Сепак, последиците од агресијата веќе ги чувствува целиот свет. Без разлика на тоа колку е вознемирувачки и обесхрабрувачки денешниот акт на агресија, дијалогот мора да продолжи, а состојбата да де-ескалира. ОБСЕ располага со соодветни ресурси и механизми и сега е вистинското време да се искористи потенцијалот на оваа платформа, истакна Османи.
„Мултилатерализмот мора да надвладее над милитаризмот”, нагласи шефот на дипломатијата и изрази поддршка на напорите на полското претседавање и генералната секретарка на ОБСЕ за деескалација и смирување на ситуацијата, посочувајќи дека Северна Макеоднја како дел од ОБСЕ Тројката претседавачи, ќе продолжи активно да придонесува кон тоа.
На крајот, министерот Османи подвлече дека безбедноста на набљудувачите на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина претставува императив и посочи дека Руската Федерација има основна одговорност за тоа, се вели во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
-
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
-
Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода
-
Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“
-
Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот
-
Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин
-
Ведро и студено, преку ден сончево
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел