-->
-->
Османи на прва посета на теренската мисија на ОБСЕ во Скопје
-->
Денеска (среда, 25.01.2023г) претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи ќе оствари своја прва посета на теренска мисија во својство на Претседавач, со посета на мисијата на ОБСЕ во Скопје при што ќе ги разгледа и разговара за Проектите кои мисијата на ОБСЕ ги имплементира во рамките на својот мандат.Османи во Мисијата ќе има интерактивен разговор со членовите и Шефот на Мисијата, Амбасадорот, Килиан Вал.
Исто така, Османи ќе го посети полицискиот центар во Ѓорче Петров, и ќе разговара со корисници на обука во рамките на програми на Мисијата на ОБСЕ каде што заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе присуствува на показна вежба на припадници на Специјалната антитерористичка единица -Тигар и Единицата К9.
Во 11:25 часот, предвидено е Претседавачот со ОБСЕ, Османи да даде изјава за медиуми, заедно со министерот, Спасовски и Амбасадорот Вал.
Во текот на денот, на агенда на Претседавачот е посетата и на теренската канцеларија на ОБСЕ во Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
