Османи на вонреден состанок на НАТО за односите на Алијансата со Русија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска учествуваше на вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи што се одржа преку видеоконференциска врска.
Како што соопшти МНР, состанокот беше посветен на руското воено групирање околу границата со Украина, како и на други прашања поврзани со европската безбедност.
– Вонредниот состанок се одржа во пресрет на закажаниот НАТО – Русија Совет и другите состаноци во различни формати, со цел деескалација на кризата и изнаоѓање решение преку невоени, првенствено дипломатски начини на комуникација, информира Министерството.
Шефот на македонската дипломатија, наведува МНР, ја повтори и поддршката на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
-Изрази очекување за мирно решавање на ситуацијата во и околу оваа земја. Ја подвлече важноста на единството и кохезијата меѓу сојузниците, како силна алатка за зачувување на мирот и стабилноста, но и на блиската соработка со ЕУ и другите земји партнери, информира Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот