Османи не го прими Коњуфца на консултациите за идните избори: Поканата беше само за партиските лидери
Службата за информирање на косовското Претседателство соопшти дека денешната средба што ја свика претседателката Вјоса Османи, на која треба да се разговара за датумот на идните парламентарни избори, била само за партиските лидери, а на неа не присуствувал премиерот Албин Курти, претседател на владејачката партија во Косово, Движење самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА од Приштина.
Со оглед дека Курти не се појавил на средбата, на која присуствуваа лидерите на парламентарните опозициски партии на косовските Албанци, Османи одбила на средбата да го прими потпретседател на ВВ, актуелниот претседател на Собранието, Глаук Коњуфца.
Од Владата одговорија дека го предложиле Коњуфца да учествува на оваа средба, бидејќи премиерот Курти во тоа време бил на ручек со амбасадорите, што бил договорен пред три недели.
Портпаролот на Владата, Перпарим Криезиу смета дека името на Коњуфца треба да биде прифатливо. Тој додаде дека премиерот Курти е подготвен да учествува на овие средби во попогодно време.
– Премиерот е на ручек со 21 акредитиран амбасадор во Косово, каде што е поканет како почесен гостин. Ручекот е закажан за 10 јули. Потврдата на премиерот за овој ручек е дадена пред три недели.
Не можејќи да учествува во предложениот распоред, премиерот Курти предложи ЛВ да биде претставена од нејзиниот прв потпретседател, Глаук Коњуфца. Што сметаме дека треба да биде прифатливо.
Премиерот Курти е подготвен да учествува на секоја идна средба во погоден ден и термин, изјави Криезиу за медиумите.
Во поканата што Претседателството ја упати до лидерите на политичките партии за денешната средба, стои дека денеска „претседателката Вјоса Османи ќе одржи консултативна средба со лидерите на политичките партии.
Ново на Сител
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта
-
Стипендија за високо образование и плакета за храброста на Јован - предлог одлуката утре на седница на Советот на Виница