Османи очекува брзо усвојување на Законот за употреба на јазиците
Владата во наредните денови ќе го адресира Законот за употреба на јазиците како важно прашање кое е дел од Рамковниот договор, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи..
- Во наредните денови Владата ќе го разгледа и се надеваме брзо ќе го усвои законот за употреба на јазиците, рече Османи на новинарско прашање пред состанокот на СЕП и Минситерството за правда посветен на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството..
Тој посочи дека не очекува опструкции од опозицијата.
- Мислам дека не затоа што тие имаа јавен став дека ќе го сменат односот кон албанската заедница затоа што констатирале во партијата дека имале погрешен пристап. Ние сметаме дека ова е идеална можност да ВМРО-ДПМНЕ го коригира ставот и заеднички со консензус го донесеме законот за јазици. Такво чувство имаме добиено од јавните ставови на ВМРО-ДПМНЕ, рече вицепремиерот Османи.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември