Османи-Пацоли: Заедничка владина седница меѓу Македонија и Косово

Одржување заедничка седница на владите на Македонија и Косово и олеснување на протокот на граничните премини меѓу двете земји, беше тема на денешната средба на вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи со вицепремиерот и министер за надворешни работи Беџет Пацоли во Приштина.
На средбата, како што пренесува Косовапрес, станало збор и за заеднички проекти во рамките на Берлинскиот процес, како и за можноста за воспоставување заедничко царинење.
Размената на искуствата во однос на процесот за евроатлантските интеграции, исто така, беше темата за која и двете страни го потенцираа значењето.
Вицепремиерот Османи во рамки на посетата ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Кадри Вејсели, премиерот Рамуш Харадинај и со вицепремиерот Енвер Хоџај.
Европските перспективи на земјите од Западниот Балкан до 2025 година ќе бидат тема и на обраќањето на вицепремиерот Османи пред студентите на Универзитетот за бизнис и технологија (УБТ) во Приштина.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
