Османи: Се движиме кон тоа ЕУ да не биде веќе победничка идеја на изборите
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ги посети Брисел и Бриж и оствари средба со неговиот бугарски колега Светлан Стоев, ден по изборите во Бугарија, тој ја предупредил ЕУ дека станува неатрактивна за гласачите на Западен Балкан, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Ова е одговорот на шефот на македонската дипломатија на прашањето дали без преговори во декември постои опасност за Македонија и за целиот регион.
-Мислам дека проблемите ќе почнат кога ЕУ нема да биде победнички тикет за изборите, а ние веќе се движиме на патот да европската идеја не биде веќе победничка. Тогаш е лошото сценарио за целиот регион, кога националистичките, ретроградните реторики ќе излезат на површина, тогаш ќе треба да менаџираме со кризи наместо со иднина, изјави Османи за МИА.
Министерот учествуваше на средба на шесте министри за надворешни работи од Западен Балкан со студентите од Колеџот во Бриж каде се обучуваат идните дипломати и функционери на ЕУ.
На средбата косовската и босанската министерка за надворешни работи предупредија дека регионот се движи кон дестабилизација, па и можна нова граѓанска војна.
Македонскиот министер сепак со поумерен тон вели дека фактот што три земји во регионот се сега членки на НАТО носи стабилност.
-Со загриженост ги следиме случувањата во Босна и на косовско српската граница. Сепак тоа што три земји од регионот се членки на НАТО дава колку толку самодоверба во тој процес но мора да бидеме внимателни. Но мислам дека нарушувањето на кредибилитетот на ЕУ во регионот дополнително додава масло на овој потенцијален, латентен оган, но Османи додава дека не верува во конфликт како во деведесеттите.
Шефот на дипломатијата сподели со МИА дека од средбата со бугарскиот министер доби впечаток дека двете страни одат кон попредвидлива фаза во односите.
-Разменивме мислења за динамиките во двете земји кои што беа турбулентни последниот период, со чувство дека двете држави влегуваат во една предвидливост после изборите, што дава можност за еден пофокусиран пристап во однос на изнаоѓање на решение. Така што ќе треба во наредните денови да продолжат напорите помеѓу двете министерства, во очекување дека брзо ќе се формира политичка влада во Бугарија која според нив сепак е еден важен момент за пронаоѓање решение, рече Османи за МИА, но никој, вели тој, не може да гарантира ништо, а Македонија, поучена од разочарувањата, останува внимателна.
Дури и без нова влада во Бугарија разговори, па и решение, се можни технички и легално, вели тој.
-Легално постои можност посебно во услови кога ќе имаме избран претседател наредната недела меѓутоа многу ќе зависи од составот на таа влада, погледите на различните партии во таа влада. Во секој случај она што го чувствувам во Брисел е дека алармот е вклучен секаде од Брисел до сите краеви на Европа во однос на изнаоѓање на решение оваа година. Тој аларм се слуша и во Вашингтон. Колку тоа ќе вроди со плод веќе никој не може да гарантира, смета министерот.
Османи вели дека еден од тие аларми се информациите кои излегоа во јавноста минатата недела дека францускиот претседател, Емануел Макрон, порачал дека преговорите со Скопје и Тирана мора да започнат до 31 декември најдоцна.
-Затоа реков дека алармот се слуша низ главните градови посебно на западна Европа, за изнаоѓање на решение пред завршетокот на оваа година, такви се информациите дека посветеноста е да се прават сите напори до крајот на оваа година. Во таа динамика сме влезени и ние но после толку разочарувања во минатото никој не може да гарантира со сигурност но ние работиме како следниот чекор да ни е декември, додаде тој.
Сепак за Македонија нема и нема да има алтернатива за ЕУ, повторува Османи:
-План Б не постои ни географски ни политички ни од било кој аспект. Ние сме дел од Европа, ќе бидеме дел еден од ЕУ. Не сакам со ова да ги оправдам овие спори чекори на Европа по однос на проширувањето, но да ги земеме примерите на Шпанија која чекаше 25 години за членство од денот на апликацијата, или една Вел ика Британија која што беше два пати одбиена и чекаше децении за членство. Ќе мора да издржиме на тој пат затоа што немаме алтернатива. Се разбира дека ќе имаме алтернативни планови како до целта но не алтернатива за ЕУ, вели Османи.
Во однос на внатрешната политичка криза, Османи оцени дека сегашната владина коалиција „треба да продолжи да ги стабилизира стратешките правци на државата, кога тоа ќе се постигне тогаш е лесно за сите решенија“.
Тој додаде дека би било добро Зоран Заев да остане на чело на таа влада, но дека на крајот тоа е негова одлука.
ДУИ од своја страна не се чувствува загрозено.
-ДУИ го потврди легитиметот кај албанскиот народ, единствена партија која што имаше пораст на гласовите на овие избори и мислам дека во било која констелација ќе биде на некој начин кормилар на евроатлантските процеси во државата, додава Османи.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство