Османи: Северна Македонија е алката која и недостасува на Европската Унија
Реферирањето за спроведените реформи во клучните приоритетни области – владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата, со кои, се создаде и т.н. „трак рекорд“ или видливи резултати од реформите, како важен бенчмарк за евроинтегративниот процес, се дел од темите на кои заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи разговарал со министерот за надворешни работи на Република Португалија, Аугусто Сантос Силва.
Како што соопштуваат од прес-службата на СЕП, на средбата беа отворени темите поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија во пресрет на претстојниот Извештај на Европската Комисија и јунските самити на Европската Унија.
-Високо ја ценам португалската поддршка за евроатлантските аспирации и за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија, како и генералниот став на Португалија за поддршка на проширувањето на земјите од Западен Балкан, кое ќе донесе стабилност на целиот регион и ќе ги отвори вратите за соработка на повеќе полиња, што секако е во интерес и на одржувањето стабилност на цела Европа, истакна Османи посочувајќи на новата европска реалност на Балканот – Република Северна Македонија, како стабилен партнер на Европската Унија во промоција и заштита на европската идеја во регионот, или како што истакна: „Алката која ѝ недостасува на Европа на Балканот“
Иако во моментов сме во предизборна кампања, истакнал вицепремиерот, реформите продолжуваме да ги спроведуваме со силна динамика за да испорачаме резултати во овој клучен период за нешата европска интеграција, за добивање чиста препорака од страна на Комисијата како и конфирмација на одлуката за почеток на преговори со ЕУ оваа година“.
Во рамките на работната посета на Португалија, вицепремиерот Османи оствари средба и со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос.
Вицепремиерот Бујар Османи во недела ќе учествува на Годишниот Хорасис глобален состанок (Horasis Global Meeting),што е еден од водечките светски собири за бизнис на владини лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата „Катализирање на придобивките од глобализацијата”.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа

