Османи утре во работна посета на Грција на средби со Сакеларопулу, Мицотакис, Дендијас и Варвициотис
Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Грција, на покана на својот домаќин, шефот на грчката дипломатија Николаос Дендиас.
На средбата меѓу двајцата министри, како што соопшти МНР, ќе бидат отворени теми поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, интензивирање и продлабочување на политичкиот дијалог во различни области, како и Акцискиот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (Преспа).
Предвидено е потпишување на неколку меѓународни документи, со кои дополнително ќе се збогати договорната рамка меѓу двете држави.
На агендата на министерот во рамките на посетата на Грција е предвидена и средба и со претседателот на Хеленската Република Катерина Сакеларопулу, премиерот Кирајкос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања Милтијадис Варвициотис.
Во рамките на средбите ќе бидат отворени темите за унапредување на економско-трговската соработка меѓу двете земји, стратешките проекти за поврзување со гас и со гориво, како и учеството на Македонијаво гасниот терминал „Александрополис“ во Грција, стои во соопштението на МНР.
Предвидено е да се разговараи за политичките актуелности во регионот и регионалната соработка, особено за неговата европска и евроатлантска перспектива, и поддршката што Грција ѝ ја дава на Македонија во тој контекст.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица