Османи: Внимателни сме кон намерата на хибридните напади, државата е стабилна

Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација и сме внимателни кон намерата на овие хибридни закани. Останува МВР да контактира со партнерските служби во регионот, изјави денеска на редовниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имајќи предвид дека и во друга членка на НАТО има дојави за бомби Црна Гора, дека ова можеби не е некоја игра на тинејџери, побарана е помош од НАТО.
Османи појасни дека НАТО дава поддршка за дијагностицирање на проблемот, нема мисија која би барала форензика.
Повиците од Германија до своите државјани да бидат внимателни во Северна Македонија поради дојавите за бомби, според него, се легитимни. Вчера имавме дојави за бомби во хотел, и ние ќе постапевме исто, вели министерот.
Ново на Сител
-

„Оне Македонија телекомуникации“ формално стана трет мобилен оператор
-

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
