Османи во Берлин се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Кривокапиќ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин, се сретна со неговиот црногорски колега Ранко Кривокапиќ.
Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи, Османи ги потенцирал одличните партнерски и пријателски односи меѓу двете земји, изразувајќи уверување дека ова партнерство ќе продолжи и во следниот период.
– Северна Македонија и Црна Гора имаат исклучително добра и интензивна соработка, но и разбирање во однос на заокружувањето на нашите взаемни стратешки цели, кои со војната во Украина добиваат важна, ако не пресудна, безбедносна и геополитичка димензија, истакнал Османи, посочувајќи го взаемниот интерес за членство на двете држави во Европската Унија.
Тоа е процес, рекол Османи, кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедносна архитектура и на Западниот Балкан и на Европа.
На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи, биле разменети мислења за војната во Украина при што двајцата министри ја осудиле воената агресија на Русија, потенцирајќи дека станува збор за повреда на основните принципи на меѓународното право и сериозна закана за сигурноста на Европа.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници