Османи во Брисел на средби со Могерини и Хан
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе има средби со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Османи ќе одржи и брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“.
Како што е најавено, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).
Од Брисел, вицепремиерот Османи патува за Виена каде што ќе учествува на состанок на министри задолжени за европски прашања од земјите од Западен Балкан, што се одржува под покровителство на Сојузниот министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот канцелар, Гернот Блумел.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај