Османи во Маракеш на состанок на Коалицијата за борба против ИСИС
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на редовниот министерски состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС, кој се ко-организира од Мароко и САД, и ќе се одржи во Маракеш, Мароко.
Како што информира МНР, Османи ќе учествува на панел дискусија, со главен акцент на состојбата во Авганистан, каде ќе ја потенцираaт потребата од заеднички одговор на предизвиците кои произлегуваат од ситуацијата во таа земја, но и од другите кризни жаришта во светот. Северна Македонија уште пред членството во НАТО, од 2002 година, активно придонесуваше за зачувување на мирот во тој регион.
На маргините на состанокот, додаваат од Министерството за надворешни работи, Османи ќе оствари низа билатерални средби со своите хомолози од Мароко, Насер Бурита; Франција, Жан-Ив Ле Дриан; Кувајт, Шеик Др. Ахмед Насер Ал-Мохамед Ал-Сабах; Холандија, Вопке Хоекстра како и со потсекретарот за политички прашања на САД, Викториа Нуланд.
Како претседавач со ОБСЕ Групата на Медитерански партнери за соработка, средбата со мароканскиот министер Бурита ќе се искористи и за размeна на мислења во однос на соработката во тој формат.
Ново на Сител
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
