Османи во посета на Словенија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета во Република Словенија.
Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе има средба со заменик претседателот на Владата на Словенија и министер за надворешни работи, Миро Церар, на која ќе бидат отворени темите поврзани со евроатлантските интеграции на земјата, во насока на отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, динамиката на спроведување на реформите предвидени во Планот 18, како и очекувањата од претстојните јунски самити.
Османи ќе се сретне и со државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија, Добран Божич, како и со програмскиот директор на Центарот за европски перспективи, Андреја Долничар Јерај и заменик директорот на Центарот за меѓународна соработка и развој, Ема Роде, со кои ќе разговара за предизвиците што и претстојат на Северна Македонија во наредниот период, а ќе ги отворат и темите во однос на проширувањето на ЕУ на земјите од Западен Балкан со што се зајакнува стабилноста и безбедноста во Унијата, како и справувањето со мигрантската криза, напливот на фундаментализмот, како и борбата за справување со ширењето на лажните вести.
По посетата на Словенија, Османи патува во Мадрид, каде што ќе се сретне со претставникот на земјата во Европската Унија и државен секретар за Европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда, се наведува во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек