-->
-->
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-->
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 133-тата сесија на Комитетот на Министри на Совет на Европа во Стразбур.
Како што соопшти МНР, покрај обраќањето на утрешната сесија, тој вечер ќе учествува на работната вечера на тема „Отпорноста на европскиот проект во време на бројни закани“, организирана од Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и претседателката на Комитетот на министри на Лихтенштајн, Доменик Хаслер.
За време на престојот во Стразбур, на маргини на сесијата на Совет на Европа, Османи ќе оствари и бројни средби со негови колеги од различни земји, се додава во соопштението на Министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
-

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер
-

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – нови снимки од насилството на Стојанче Јовановски
-

Верските лидери со заедничка осуда на обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
