Осмо издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“ од 7 до 13 октовмври
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ кандидат за Оскар ќе биде прикажан во Тетово во рамки на осмото издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“. На фестивалот кој ќе се одржува од 7 до 13 октомври ќе бидат прикажани вкупно 105 филмови.
-За да се реализира овој филмски фестивал беше потребна речиси цела една година и се надеваме дека ќе успееме да пружиме нешто што и на институции имаат проблем да го направат, изјави Сабедин Селмани, директор на фестивалот.
Во сите денови од фестивалот ќе има по седум термини за проекции на исто толку категории н филмови, а ќе се одржуваат и работилници.
-Категориите на филмовите се-детска панорама, балканска натпреварувачка панорама, специјални проекции, кратки филмови, кратки анимирани филмови, победничка панорама-за студенти и европски филмови. Во европските филмови се застапени сите земји од континентот. Во детската панорама ќе има филмови за деца во пладневните термини за да се чувствуват како во останатите градови и земја со оглед дека нема во Тетово кино, рече Селмани.
Документарецот „Медена земја“ ќе се прикаже на 12 октомври на завршната церемонија од фестивалот. За учество на фестивалот аплицирале 3963 филмови од 120 земји. Проекциите се слободни и ќе бидат во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик

