Основачот на популарната апликација пронајден мртов: Полицијата упадна во неговиот стан во Њујорк и затекна хорор

Коосновачот на популарната апликација HQ Trivia, Колин Крол (34), е пронајден мртов во својот стан во Њујорк.
Девојката на извршниот директор на Тривија и соосновач на видео платформата Вине ја замолила полицијата да провери дали Крол е добро зошто некое време не можела да дојде до него.
Полицијата го нашла безживотното тело на Колин Крол во неговиот стан на Менхетен. Покрај телото се пронајдени опојни средства па се верува дека Крол починал од предозирање со дрога, јавува ТМЗ.
Инаку, HQ Trivia е мобилна апликација за играње на квизови каде играчите за точно одговорените прашања може да добијат вистински пари. Стана една од најпопуларните игри, која во 2017 година знаеја да ја играат и околу 400.000 лица истовремено. Со тек на време популарноста на таа игра опадна и во 2018 година повеќе не беше меѓу 100-те најбарани игри на сервисор на App Store.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
