Основачот на „Телеграм“, Дуров, ги негира обвиненијата од Франција
Основачот и извршен директор на апликацијата Телеграм, Павел Дуров денеска ја критикуваше Франција поради неговото апсење и обвинение за објавување нелегална содржина на апликацијата.
Во неговата прва реакција по апсењето, во подолга изјава за Телеграм, Дуров оцени дека е „изненадувачки“ да се смета тој за одговорен за содржината објавена од други луѓе.
– Користењето на законите од ерата пред паметните телефони за да се обвини извршен директор за злосторства извршени од трети лица на платформата што ја води е неразумен пристап, рече 39-годишниот милијардер.
Тој, исто така, ги отфрли тврдењата дека Телеграм е некој вид анархичен рај, нарекувајќи ги „апсолутно лажни“.
– Секој ден бришеме милиони штетни пораки, истакна Дуров.
Тој ги негираше наводите дека Париз не добил никакви одговори од Телеграм на нејзините барања. Дуров рече дека тој лично им помогнал на француските власти „да воспостават жешка телефонска линија со Телеграм за справување со терористичката закана во Франција“.
На крајот од својата изјава, Дуров зазеде попомирлив тон и призна дека наглото зголемување на бројот на корисници на Телеграм, кој сега го проценува на 950 милиони низ светот, доведе до ситуација што „ги олесни злоупотребите на криминалците нашата платформа“.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари