Основен суд Скопје 1: Постапуваме согласно законските процедури и Судскиот деловник

Основниот суд Скопје 1 по тврдењата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за отежната соработка со овој суд денеска соопшти дека судиите постапуваат согласно законските процедури и Судскиот деловник и оти тоа во никој случај не е отежнување на нечија работа.
- На посочената дата од страна на СЈО, 20.01.2017 година, Јавениот обвинител Лиле Стефанова од СЈО додека сеуште траело работното време во судот, пристигнала во судот и се упатила директно кај дежурниот судија на претходна постапка со четири барања, што е констатирано и од самиот дежурен судија на барањата кој ги примил во 16:05 часот, без притоа обвинителот истите да ги поднесе преку приемното одделение кај овластениот службеник, а што е спротивно од Деловникот за работа на судот и укажувањето на претседател на судот, да се почитува Деловникот за работа при прием на писмена во судот, заведување и оформување предмет и внесување во АКМИС – електорнскиот систем на судот, наведува во соопштение Основниот суд Скопје 1.
Нејасно е, се додава, зошто, и покрај воспоставените процедури, јавниот обвинител Лиле Стефанова не ги испочитувала и се упатила директно до дежурниот судија на претходна постапка и конкретните барања не се спроведени на соодветен начин и не се внесени во АКМИС системот, а имајќи предвид дека имало доволно време со оглед да работното време на судот е до 16:30 часот, а дежурниот судија постапува по 16:30 часот.
Според Основниит суд Скопје 1 предметите во кривичните совети при овој суд, се доделуваат на ист начин како и во останатите оддели, односно, стои во соопштението, исклучително се внимава кој судија колку пати постапувал во советите, а со цел да се запази принципот на подеднаква распределба на предметите кај сите судии кои одлучуваат самостојно.
- Дополнително, зачудува заканувачкиот вокабулар во писмените дописи и јавни соопштенија на СЈО кон судот и судиите, а јавното повторување на имињата и презимињата на судии на претходна постапка и судии во кривичните совети кои постапуваат по конкретни предмети не можат да влијаат врз судиите во овој суд и нивното непристрасно и законито одлучување. Особено ако се земе предвид начинот на презентирање на соопштенијата каде за судските одлуки од кои СЈО не се задоволни ги објавуваат имиња и презимиња на судиите, додека за оние одлуки од кои се задоволни не ги објавуаат имињата и не се информира јавноста иако се работи за истите судии со што се прави обид за јавен линч на судиите, Постапувањето согласно Законските процедури и Судскиот деловник од страна на судиите при овој суд во никој случај не претставува „отежнување“ на нечија работа, особено ако другата страна очигледно, намерно или случајно, излегува од воспоставната процедура по која и претходно се постапувало, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.
Ново на Сител
-

Ново големо невреме од Црна Гора се движи кон Македонија
-

20-тина повредени по силното невреме во Скопје, надлежните ги санираат штетите
-

Герасимовски: Сите служби на Општина Центар максимално мобилизирани по силното невреме, отворени телефонски линии
-

Огромна материјална штета во ГОБ „8 Септември“ од невремето во Скопје
-

Шест повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”
-

Над 1000 повици од граѓани во ЦУК по невремето во Скопје
-

Невремето го откорна кровот на ООУ Наум Наумовски Борче, активиран Кризниот штаб на Гази Баба
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
