Основен суд Скопје 1: Притвор за уште едно лице учесник во нередите во Собранието
Во Основниот суд Скопје 1 пред судија на претходна постапка денеска е спроведено уште едно лице и прифатен е предлогот за притвор на Основното јавно обвинителство (ОЈО). Судот и на ова лице му определи мерка притвор во траење од осум дена, информираат од Основниот суд Скопје 1.
Во текот на вчерашниот ден во Основниот суд Скопје 1 - Скопје пред судија на претходна постапка беа спроведени седум лица за кои судот по ценење на предлогот на ОЈО го прифати предлогот и на четири лица им определи мерка притвор, на едно лице му определи мерка куќен притвор и на две лица мерки на претпазливост, соопштија од Основниот суд Скопје 1 - Скопје.
Предлогот, посочуваат од судот, се однесува на кривичното дело - Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик за кое е предвидена казна од една до пет години согласно Законот, а со оглед на тоа што се работи за скратена постапка по новиот Закон за кривична постапка во претходна постапка притворот може да трае најмногу до осум дена.
Ново на Сител
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето