-->
-->
„Осоговска староградска вечер 2017“ во Крива Паланка
-->
Староградски песни од Делчево, Крива Паланка, Валандово и Врање, Република Србија, беа дел од програмата на четвртата „Осоговска староградска вечер“ што се одржа синоќа на плоштадот „Карпошово востание“.
- На овој начин и официјално ја отворивме програмата на Кривопаланечко културно лето, а граѓаните можеа да уживаат во звуците на староградските песни кои се пееле низ децениите на градскиет собиранки и останати свечености. Староградските ансамбли и групи ја доловија атмосферата од годините кога ваквите песни беа неизоставен дел од кое било случување, изјави градоначалникот Арсенчо Алексовски.
На летната сцена пред зградата на локалната самоуправа настапија „Делчевски еснафи" и женската пејачка група „Ѓурѓа“ од Делчево, „Распеани валандовчани“, староградска група „Извор“ од Врање и ансамблот на староградски песни и музика „Распеани кривопаланчани“.
Манифестацијата ја организираат Општина Крива Паланка и Центарот за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот