-->
-->
Остана без синот: Скршена, Мадона плачеше на концерт!
-->

Мадона се помири со тоа дека нејзиниот син Роко (15) не може да го присили да живее со неа. Полека прифаќа дека го губи старателството и дека Роко сака да живее со Гај Ричи во Лондон.
- Нема поголема љубов од љубовта која една мајка ја чувствува кој својот син. Се надевам дека мојот Роко ќе ме слушне и ќе сфати колку ми недостасува - рече Мадона на концертот во Оукланд и му ја посвети песната „La Vie En Rose“.
Мадона ги користи сите можни начини да го придобие синот, но и покрај се судот донесе одлука Роко да биде со татко му, се додека не биде донесена конечната одлука.
Борбата за старателство започна во септември, кога Роко ја напушти својата мајка и замина во Лондон да живее со татко му и неговата сопруга. и покрај сите нејзини молби, тинејџерот не сакаше да се врати кај неа. Тој не сакаше ниту да ја слушне одлуката на судот во Њујорк, кој одлучил дека Божиќ мора да го помине со неа.
Нејзините пријатели изјавиле дека се полека прифаќа и се надева дека Роко ќе доаѓа кај неа барем еден викенд во месецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
