Остави две сирачиња: Млада жена загина во страотна сообраќајка

Во местото Коториба во Хрватска се случи страотна сообраќајна несреќа во која животот го загуби 20-годишната А.Ш. која зад себе остави две малечки деца.
Несреќата се случила во вторникот вечер околу 22 часот, пишува порталот „еМеѓумурје“.
Според првите информации, 20-годишна жена со автомобил удрила во бетонски спомен столб кој се наоѓал на раскрсницата со улицата Бан Јелачиќ и ул. Матија Губец.
На местото на трагедијата пристигнале и пожарникари. Тие заедно со мештаните настраданата жена ја ваделе од автомобилот кој се запалил.
Луѓето кои живеат во тој крај велат дека слушнале силен тресок. Веднаш излегле надвор и виделе дека гори автомобилот.
-Страшна глетка. девојката само што ја извадија од автомобилот издиша. Во шок сме зошто ја познававме. Изгубен млад живот, има ли поголема трагедија, вели една жена која се најде на самото место.
Ново на Сител
-

Седум пожари на отворено, најкритично кај Велес
-

АСОМ ќе го оспори Законот за игри на среќа пред уставниот суд
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
