Остин: Сакаме да ја видиме Русија ослабена

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека се надева оти руските загуби во Украина ќе ги одвратат властите во Москва од повторување на слични акции на друго место.
Би-Би-Си пренесува изјава на Остин дадена по посетата на Киев во која истакнува дека Соединетите Американски Држави сакаат да ја видат Русија ослабена до тој степен што „нема да може да прави работи како што правеше за време на инвазијата на Украина“.
Остин смета дека Украина се уште може да ја добие војната доколку ја добие вистинската поддршка.
Државниот секретар за одбрана пред медиумите во Варшава најави и дека САД ќе и пружат дополнителна воена помош на Украина и на другите европски земји во вредност од 713 милиони долари.
Остин, кој е пензиониран генерал со четири ѕвезди, заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пред посетата на Полска имаа средба и разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Тоа беше посета на највисоко ниво на американски функционери од почетокот на руската инвазија на Украина пред два месеца.
Средбата меѓу американската и украинската страна, што траела повеќе од три часа, се случи во период кога Русија ја интензивира својата воена кампања на југот и на истокот на Украина.
Ново на Сител
-

Тошковски: Општината е должна да соработува во целиот процес во Гостивар
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
