Осум години затвор за кинески дисидент поради „субверзија“

Кинескиот дисидент Ву Ган е осуден на осум години затвор, што претставува најтешка казна досудена на активист за заштита на човековите права, по повторниот избор на Си Џинпинг за претседател во октомври.
Ву Ган, уапсен во мај 2015 година, додека работел во адвокатска канцеларија во пекинг, осуден е за обид за „субверзија, појасни неговиот адвокат Ге Јонги.
Ву (44) беше уапсен во рамки на акцијата за притворање на речиси 200 адвокати, правници и активисти, кои се занимавале со чувствителни предмети. Повеќето беа ослободени, но неколкумина се осудени на затворски казни.
Станува збор за најтешка казна досудена на некој дисидент во Кина од јуни 2016 година, кога два члена на кинеската Демократска партија Лу Генгсонг и Чен Шукинг беа осудени на 11 и 10,5 години затвор од истата причина.
Ново на Сител
-

По 25 години - нов етички кодекс за новинарите
-

Нов етички кодекс за пратениците - ќе се стави ли крај на навредите во Собранието?
-

Нов доказ во случајот со оддавање службена тајна
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
