Осум сообраќајки вчера во Скопје, повредени четири лица
Четири лица се полесно повредени во четири од вкупно осум регистрирани сообраќајни незгоди во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Останатите четири незгоди се со последица материјална штета.
Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Дванаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, осум возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 12 возеле без сигурносен појас или користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и четворица пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 78 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Васил Главинов“, општина Чаир.
Пред зградата на Владата на бул. „Илинден“ за денеска во 10 часот е најавен мирен протест на поранешните вработени во ОХИС. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски на предновогодишно дружење со македонските мировници и нивните семејства
-
Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето
-
Герасимовски: Донесовме рекорден буџет за 2025 година, дури 45 проценти предвидени за капитални проекти
-
Потврдени случаи на африканска свинска чума во Албанија
-
Во Велика Британија одложени десетици летови поради густата магла
-
Приведен 72 годишен демиркапиец за вознемирување малолетничка
-
Укината забраната за ТТВ на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ