Осумина повредени во напад со нож во Минесота во САД
Најмалку осум лица се повредени во напад со нож, во еден трговски центар, во американската сојузна држава Минесота, соопшти локалната полиција.
Во соопштението се вели дека полицијата го убила напаѓачот.
Никој од повредените не се наоѓа во животна опасност.
Нападот се случил во местото Сент Клауд, околу 110 километри северо-западно од Индијанополис.
Претставник на полицијата изјави дека засега е се знае мотивот за овој напад.
Сведоци на инцидентот, за американските медиуми изјавиле дека непосредно пред да биде застрелан, напаѓачот извикувал пароли, величајќи го Алах.
Властите, сепак, не го квалификуваат нападот како терористички инцидент. Нема ниту сознанија дека кој било друг бил вклучен во нападт.
Не е соопштен ниту идентитетот на убиениот напаѓач, освен дека бил облечен во униформа на приватна компанија за обезбедување.
Ново на Сител
-
Првото бебе на скопска Гинекологија е машко
-
Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024