Осуммина загинати во напад врз автобус во Алепо

Најмалку осум цивили загинаа денеска при воздушен напад врз автобус во градот Алепо на северот од Сирија, јави ДПА.
Според Сирискиот центар за мониторинг за човековите права, воените авиони што го извршиле нападот најверојатно и припаѓаат на сириската армија или на нивниот сојузник Русија.
Погодениот автобус се движел по патот Кастело Роуд, кој е стратешки важен, бидејќи претставува единствена врска меѓу деловите од градот што се под контрола од бунтовниците.
Последниве недели, сириските владини сили ги зачестија нападите врз овој регион во обид да издејствува барем привидна контрола врз деловите под управа на бунтовниците.
Алепо, кој пред почетокот на конфликтот беше главен трговски центар на Сирија, сега е поделен на западна зона, која е под контрола на владините сили, и источна, контролирана од бунтовниците.
Ново на Сител
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
