Осумнаесет мигранти повредени во сообраќајка кај Катланово
- Осумнаесет мигранти се повредени во сообраќајната несреќа што се случила денеска на автопатот Велес-Скопје, пред тунелот кај Катланово.
Според информацијата од Службата за Брза помош при ЈЗУ Здравствен дом од Велес, сообраќајката се случила денеска во 13.30 часот.
До несреќата дошло кога возачот на камиончето со церада кое ги превезувал мигрантите изгубил контрола над возилото излетал од патот.
Како што информира за МИА Слободка Ристовска од Брза помош од Велес, тие на местото на несреќата стигнале со три возила на брза помош од Велес и две возила и нивни колеги од Свети Николе.
- Сите 18 мигранти кои ги затекнавме на местото на несреќата беа со разни повреди - по главата, рацете и нозете, и по укажаната прва помош веднаш ги однесовме во Ургентниот центар во Скопје. Најголем дел од повредените беа на возраст од 30-тина години, а само двајца повозрасни, појасни Ристовска.
Информира дека од полицијата ја известиле оти возачот на камиончето побегнал од местото на настанот, а избегале и некои од мигрантите
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите 17 американски „Stryker-и“ - Мисајловски најавува нови набавки за модернизација на АРМ
-

Трајанов: Во Македонија има 102 лица повратници од ИСИС, влијанието на Исламска држава е мало
-

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година
-

Села ќе формира нова партија
-

Трамп тврди дека во Техеран преговара со вистинските луѓе, Техеран вели дека си преговара сам со себе
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
