Осветен камен-темелникот на крстот во Бутел

Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан со свештеници од Скопската епархија денеска го осветија камен-темелникот на крстот во Бутел, на кружниот тек кај улиците „Боца Иванова“ и „Александар Урдаревски“.
На церемонијата присуствуваа вицепремиерот Владимир Пешевски, заменик министерот за труд и социјала Диме Спасов, градоначалниците на Скопје Коце Трајановски, на Бутел Петре Латиновски и на Гази Баба Тони Трајковски и првиот човек на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.
Осветувањето и поставувањето на темелите на крстот мина мирно и без инциденти. Од изутрината во општината беше забележливо зголемено присуство на полицијата. Полициски сили беа распоредени на пристапните сообраќајници околу локацијата и го пренасочуваа сообраќајот.
Претходно, симпатизери на ДУИ за денеска најавија протест поради изградбата на крстот. Советниците на ДУИ во општина Бутел вчера на прес-конференција кажаа одлука на Советот на Општината за изградба на крст е „нелегалната и провокативна“.
Крстот во Бутел ќе биде реплика на оној од општината Аеродром, ќе биде монтажен, висок 51 метар, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли. На крстот ќе биде изведена инсталација за енергетска самоодржливост, а местото околу крстот ќе биде хортикултурно уредено. Крстот треба да биде изграден најдоцна за два месеца.
Изработката на проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на крстот е донација од правни и физички лица. Воопшто не се користат буџетски средства од општината, Градот или Републиката. По изградбата, крстот ќе биде предаден во сопственост на општината Бутел.
Инцијативата за изградба на крстот е поднесена од Светскиот македонски конгрес на 18 февруари 2016 година до Советот и градоначалникот на Општина Бутел. Советот ја донесе одлуката на 23 февруари, а градоначалникот го издаде одобрението за градба на 25 февруари.
Ново на Сител
-

Студентите во блокада во Србија на протест во Краљево
-

СП 2026: Формирани сите двојки за 1/16 финалето
-

Иранската револуционерна гарда ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала и ракети врз Кувајт и Бахреин по американскиот напад
-

Единаесетгодишно дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела
-

Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран ги нападнал со ракети и беспилотни летала
-

СП 2026: Хрватска ја победи Гана и го освои второто место во Л-групата
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола станува симбол на развојот на Пелагонија
-

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“
